Во Кочани промовиран проектот „Спортот и семејните вредности“

Од:

Во Спортската сала на Основното училиште „Никола Карев“ во Кочани денеска беше промовиран проектот „Спортот и семејните вредности“.
 
Ова е проект на Агенцијата за спорт и млади кој досега беше успешно промовиран во општините Скопје, Штип, Прилеп и Василево.
 
– Основната цел на проектот е да влијае младите луге што е можно повеќе време да поминуваат на спортските терени ширум државата, преку рекреативни и професионални спортувања, но истовремено да ги мотивираме и нивните родители да поминуваат повеке време со нивните деца на спортските терени, истакна Марјан Спасевски, директор на Агенцијата за спорт и млади.
 
Кочани е петта општина во која го промовираме овој проект бидејќи Владата и Агенцијата  во соработка со општината,  создадоа услови за изградба на спортски сали и повеќенаменски игралишта.
 
– Во изминатите две години Кочани доби две спортски сали во основните училишта „Никола Карев“ во градот и во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во населбата Оризари, со што се создадени услови за спортување на учениците но и на голем број рекреативци, истакна градоначалникот Ратко Димитровски.
 
Општината, истакна тој,  во соработка со Агенцијата за спорт и млади изгради 6 повеќенаменски игралишта во различни делови на градот, со што придонесе за развојот на спортот и физичката култура кај населението од општината.
 
По промоцијата на проектот се одржаа и неколку спортски натпревари меѓу учениците од кочанските основни училишта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот