Во Кочани патролираат мешовити патроли за заштита од пожари

Од:

Мешовити патроли составени од претставници на Територијалната противпожарна единица, Шумската полиција и од Полициската станица во Кочани од утринава се на терен согласно заклучокот за превентивно делување за спречување на пожари на отворено, посебно во шумските појаси на Осоговијата.

– Мешовитите патроли се на терен. На регионалниот патен правец кој од Кочани води кон Спортско-рекреативниот центар Пониква делат флаери и ги потсетуваат граѓаните кои заминуваат на викенд за посовесно однесување при палењето на оган и почитување на режимот за забрана за движење во планина до 17 часот, изјави Дејанчо Арсов, командир на кочанската Територијална противпожарна единица.

Патроли се поставени уште на неколку патни правци кои водат до излетничките места и кон планинските села во општината. Со ова се настојува превентивно да се делува кај населението кое слободното време го користи за излет во планина или посета на родните места, посовесно да се однесуваат кон палењето оган на отворено.

Командирот на Кочанската територијална противпожарна единица истакнува дека се подготвени за справување со пожари и други интервенции, притоа истакнувајки дека во јуни интервенирале седум пати во гаснење на пожари на отворено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат