Во Кочани одбележана ПХВ неделата

Од:

Со промоција на реализираните проекти и презентација на сработеното во циклусот за Промоција на хумани вредности (ПХВ), младите од Општинската организација на Црвен крст Кочани денеска ја одбележаа ПХВ неделата.

Беа врачени награди на добитниците на прво, второ и трето место за најдобар краток расказ и фотографија од спроведениот конкурс, како и признанија на учесниците во овогодинешниот ПХВ циклус.

– Главната цел е активирање на младите, локална промоција на клубовите на млади во нашиот град. Идејата е истата група млади кои ги изработувале малите проекти, повторно да се анимираат, на интересен начин да се вклучат и да се поттикне да бидат креативни и на креативен начин да ја презентираат организацијата, проектот за кој работеле, но и самата недела, изјави Билјана Петрова, дисеминатор во општинскиот Црвен крст на Кочани.

На објавениот конкурс за краток расказ и фотографија на тема „Промоција на различности“ за млади од 12 до 18 години се пријавија голем број млади творци. Првата награда за краток расказ и фотографија ја доби Викторија Андонова од СОУ„Љупчо Сантов“ од Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Кривичен го одобри обвинителниот акт за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски