Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Од:

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под мотото „Чиста, споделена и паметна мобилност“, по повод 22 септември – Светски ден без автомобили. По тој повод низ улиците на Кочани се одржа манифестацијата сите на велосипеди во која учествуваа ученици од кочанските основни и средни училишта како и граѓани на Кочани.

– Манифестацијата има за цел да ја подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за користење на велосипедот и почитување на велосипедистите. Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот преку повеќе содржини, акции на терен низ улиците на градот, како и со посета на училиштата и предавања на актуелни теми се вклучува во акцијата за безбедност во сообраќајот. Денешниот ден е дел од сиве овие активности, истакна Кирил Атанасов, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообракајот од Кочани.

Додека траеше велосипедското дефиле неколку улици во централното градско подрачје на Кочани беа затворени за сообраќај. Во акцијата за одбележување на Светскиот ден без автомобили во Кочани се вклучија и голем број на велиосипедисти членови на велосипедските клубови од општината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот