Во Кочани до 14 часот излезеност од 43 отсто

Од:

Гласањето на 56. избирачки места во општина Кочани се одвива без проблеми. Во Општинската изборна комисија ги сумираат резултатите и процентот на излезеност до 14 часот изнесува 43 отсто, односно од запишаните 32.608 граѓани со право на глас, гласале 13.500.

Во општина Зрновци од запишаните 2.688 граѓани до 14 часот гласале 1.128 граѓани или 43 отсто. Во избирачкото место во село Мородвис 70 отсто од граѓаните со право на глас гласале за еден од четворицата кандидати за градоначалник и за една од четирите листи за советници.

Во општината Чешиново Облешево излезеноста на граѓаните на гласачките места постојано се зголемува. До 14 часот гласале 1.926 граѓани или 33,3 отсто од вкупно запишаните 5.783 граѓаните со право на глас.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?