А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Кочани 15 лица заработиле казни за нелегален такси превоз

by А1он27/01/2017 - 12:56196
Share0

Со цел да се намали присуството на диви такси возачи на територијата на општина Кочани, сообраќајниот инспектор Јордан Гицов на четири лица им издаде решенија за докомплетирање на документите за легален превоз.

Добивај вести на вибер

– Петнаесет диви такси превозници се казнети во 2016 година и за нив е поднесено барање до Судот за поведување прекршочна казна, а едно лице е казнето и веднаш има постапено по решението ја платил казната во определениот рок, информира Гицов.

Сообраќајните инспектори заедно со полициски службеници од Полициската станица – Кочани постојано излегуваат на терен со цел затекнување на лицата за вршење нелегален превоз на патници.

Инаку непознат е бројот на дивите таксисти кои нелегално работат во овој регион, но има и легални таксисти со несоодветни лиценци за работа. Од друга страна законот не налага одземање на возилата и затоа оди потешко.

Гицов додава дека дивите таксисти не ги оштетуваат граѓаните со наплата на поскапа тарифа, туку оштетата ја трпат легалните таксисти затоа што тие чекаат патници на одредени места за такси возила, а дивите ги има насекаде и полесно доаѓаат до патници. Инспекторите апелираат за соработка со легалните таксисти, односно да ги информираат инспекциските служби за појава на диви таксисти за да благовремено се реагира и да се санкционираат тие појави.

Тој додава дека во наредниот период инспекциските служби ќе преземаат позасилени мерки на терен со цел воведување ред во превозот во патниот сообраќај и доследно почитување на законските прописи.

Според Законот за превоз во патниот сообраќај предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за лица кои вршат јавен превоз без соодветни дозволи и без лиценца.

kocani

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 19:3127/12/2025 - 19:32

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Горан Наумовски24/12/2025 - 14:08

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Горан Наумовски10/12/2025 - 20:22

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот

Горан Наумовски09/12/2025 - 16:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен