Во Клиничкиот центар во Скопје е транспортирано лице кое било повредено кај тетовско Јеловце

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска во 17.24 часот добил пријава за едно повредено лице при превртување на теренско возило на планинскиот пат над село Јеловце, општина Врапчиште. Веднаш за настанот се известени полициските станици Гостивар и Галате.

-Пријавата е добиена преку Единствениот број за итни повици. Бидејќи теренот е тешко пристапен за возило на Итна медицинска помош, по барање на директорот на ЦУК, Мухамед Али, ДОЦ достави барање до Министерството за внатрешни работи за ангажирање на хеликоптер и специјални единици (алпинисти) за спасување на повреденото лице, соопшти ЦУК.

Лицето ќе биде транспортирано до Клиничкиот центар во Скопје за укажување на понатамошна медицинска помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полициски специјалци спасија повредено лице на Шар Планина

Горан Наумовски

50 армиски и полициски возила пренаменети за борба со шумските пожари

Спасен е маж кој тешко се повредил во близина на Ливадичко Езеро на Шар Планина

Горан Наумовски

Дирекцијата за заштита и спасување не правела никакви контроли во дискотеки и кабареа и ги изложила граѓаните на опасност, вели Коцевски

Катерина Ѓуровски

Во Свети Николе како во Кочани: Угостителски објект, дивоградба, без најоснови услови за работа

Катерина Ѓуровски

Институциите се растрчаа: контроли во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, два затворени