Во Кисела Вода одбележани 169 години од смртта на Фредерик Шопен

Од:

Денес, Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Република Полска, во паркот Шопен одбележа 169 години од смртта на големиот полски музички великан Фредерик Шопен.

На свеченоста, пред бистата на најголемиот композитор за пијано на сите времиња, Фредерик Шопен свежо цвеќе положија претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и Катажина Пташињска, втор секретар во Амбасадата на Република Полска.

По ова, публиката имаше можност да ужива во концертот на Даница Стојанова – пијано, професорка во ДМБУЦ „Илија Николовски“ – Луј, Марјан Ивановски -виолончело и Билјана Јосифов – сопран. Од сцената во паркот се слушнаа познатите дела на Шопен, Полска песна, Валцер пијано, Мазурки за пијано и Соната за чело. На овој настан присутен беше и секретарот на Општината, Александар Алексовски.

Имено, Општина Кисела Вода и Амбасадата на Република Полска заеднички по 8 -ми пат го чествуваа ликот и делото на големиот светски музичар Фредерик Шопен.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода