Во Кичево се влошува состојбата со новозаразени од Ковид-19

Од:

Од петокот, во Кичево тече имунизацијата на постарото население со планираната динамика од 50 лица во еден ден, од друга страна, се влошува состојбата со новозаболените, кои со потешка клиничка слика се хоспитализираат во модуларниот ковид центар, а и смртноста е во пораст, потврди Д-р Неџат Балажи.

Балажи дополнува дека втор ден по ред во нивната болница се одвива имунизацијата на постарото население.

– За цела недела термините се зафатени, така што , интересот на граѓаните е многу висок. Секојдневно се имунизираат по 50 лица и засега не се забележани реакции кај некој од примателите на вакцината на Астра Зенека. Бидејќи во најава е да продолжи имунизацијата и за викендите, тогаш може да се очекува над 1.000 наши постари сограѓани да бидат вакцинирани овој месец, вели Д-р Балажи.

Тој ја потенцира и сѐ потешката состојба на новозаболените, кои од разни причини и подоцна се јавуваат за болнички третман.

– Состојбата со новозаболените во нашата болница е исклучително тешка. Секојдневно се примаат граѓани со потешка клиничка слика и животно загрозени а и смртноста е во пораст и само во последните два дена имаме четворица починати. Повеќето од 31 хоспитализиран во нашата болница, се на кислородна поддршка и во тешка здраствена состојба, додава докторот.

Д-р Балажи навести скорешно завршување на централниот довод на кислород, кој, како што кажа, најдоцна до почетокот на следната недела ќе биде ставен во употреба, по што вработените ќе се ослободат од обврската секојднево во центарот да носат боци со кислород, чија потрошувачка драстично се зголемува.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски