Во Кичево се одбележува Неделата на борба против туберкулозата

Од:

Под мотото „Време е за свет без туберкулоза” во Кичево се одржува „Неделата на борба против туберкулоза” и тоа главно преку онлајн комуникација.

– Преку одбележување на Неделата на борба против туберкулозата во Кичево сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на туберкулоза ,вели Бесник Селими од Општинската организација на Црвениот крст во Кичево.

Тој додава дека иако туберкулозата е болест која може да се превенира и лекува, сепак таа и денес одзема човечки животи.

Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година.

– Без соодветен третман, 45 проценти од ХИВ негативните лица со ТБ во просек и скоро сите лица со позитивни ХИВ наод ќе резултираат со смртен исход , вели Селими.

Би можело да ве интересира

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит