Во Кичево приведени шест лица, не го почитувале полицискиот час

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, според статистичките податоци на подрачјето на СВР Охрид, во Кичево шест лица не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус Ковид-19.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Во истиот период, не се евидентирани кражби и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир.

На подрачјето на СВР Охрид, евидентирани се вкупно 290 лица во изолација, од кои 21 во Кичево. Од страна на полициски службеници извршени се 76 контроли кај лица во изолација, а 10 се во Кичево.
Моментно, вкупниот број на лицата во самоизолација изнесува 930 лица, од кои во Кичево 145.

Полициските службеници извршија 37 контроли на угостителски објекти.

Би можело да ве интересира

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска