Во Кичево пријавени 218 пензионери за бањско лекување

Од:

За бањско лекување за годинава во општина Кичево пријавени се 218 пензионери. Предност ќе имаат пензионерите кои имаат помала пензија и во изминатиот период не ја искористиле можноста бесплатно да престојуваат во некоја од македонските бањи.

Осма година по ред пензионерите ќе имаат можност бесплатно да заминат на бањско-климатска рекреација во дебарски бањи, во период од седум дена. Покрај престојот во бањата, овие пензионери ќе имаат и три бесплатни оброци, терапија и платен лекарски преглед, како и повратен билет до бањата и назад.

– Според критериумите, на бањска-климатска рекреација ќе можат да заминат оние пензионери кои досега не ја користеле оваа поволност и припаѓаат во групата на пензионери со пониски пензии. Пензионерите на бањско лекување ќе се упатуваат од средината на април месец поточно од 22 до 28 и втората група од 28 до 4 мај. Ќе заминат вкупно 46 пензионери, а за секоја група ќе биде обезбеден и превоз во обата правца. Од нашето здружение, пензионерите на бањско-климатска рекреација се упатуваат во Дебарски бањи. Инаку ова поволност ја овозможува Министерсвото за труд и социјална политика, изјави Ристо Попоски, раководител на Подрачното одделение на ПИОМ за Кичево.

Би можело да ве интересира

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево