Во Кичево одбележан Светскиот ден на Ромите

Од:

Со културно – уметничка програма денеска пред платото на Домот на културата во Кичево заврши манифестацијата по повод 8 април, Меѓународен ден на Ромите.

Активностите за одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите почнаа вчера со подигнување на ромското знаме на јарболот пред општинската зграда, како и со прослава која продолжи со поетско читање на кое учествуваа поети од сите етникуми кои живеат во овој регион.

Пред присутните на манифестацијата се обрати претседателот на Здружението на млади Роми и Ромки „Преродба„ од Кичево“, Емин Мамудоски, кој изрази благодарност до градоначалникот Фатмир Дехари.

– Ова е втора година што токму градоначалникот ни прави чест и ни овозможува да го подигнеме ромското знаме пред општинската зграда, рече Мамудоски, по што осврна и на историјатот на прославата на овој ден.

На свеченоста се обрати и претседателот на Советот на општина Кичево, Ќамил Алиу, кој им го честита празникот на Ромите и им посака се најдобро. Тој рече дека Ромите заслужуваат многу повеќе и во иднина треба да се борат за своите права како етникум кој живее на овие простори.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките