Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час

Од:

Во Кичево во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење, едно лице не ја почитувало забраната за движење. Тоа е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „непочитување на здравствените прописи за време на епидемија“.

Според информациите од СВР Охрид, во истиот период не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето што го покрива СВР Охрид, вкупниот број на лица во самоизолација е 69, од кои пет се од Кичево.

Полициските службеници извршиле и 99 контроли на угостителски и други објекти.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски