Во Кавдарци поткуп, агитирање и притисоци

Од:

Во Кавадарци денеска сите 54 избирачки места беа навремено отворени и во 7 часот почна гласањето.
Во близина на избирачкото место 0688 и избирачко место 0675 штабовите на една партија се отворени и покрај тоа што не се одалечени 100 метри од местото на гласање.

Кај избирачките место 0691 и 0692 исто беше отворен штабот на една партија, и откако беше пријавено, полицијата интервенираше и истиот беше затворен.

Во општина Кавадарци денес сите штабови на истата партија работат и се излепени со плакати а пред нив активисти агитираат на теренот.

Од 9 часот активисти на партијата масовно излегоа на терен и постојано пристигнуваа известувања за поткуп. Лица застанати пред избирачките места, пресретнуваат гласачи, вршат поткуп и вршат притисок на гласачите, јавуваат од политичка партија.

На избирачкото место 0661 избркани се заменик членот и заменик контролорот и не им се дозволува да присуствуваат и да вршат мониторинг на избирачкиот процес.

Од вкупно 32 029 граѓани со право на глас на територијата на општина Кавадарци, до 12 часот правото на глас го искористиле 7254 гласачи односно излезеноста е 22,66%.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“