Во Кавадарци за два месеци 145 вирусно заболени дечиња

Од:

За два месеци 145 вирусно заболени дечиња се лекуваат на детското одделение при кавадаречката болница, соопшти денеска началникот на одделението доктор Лидија Димитрова.

Според неа, бројот на деца зафатени од вурис расте, а  процентот е поголем во споредба со истиот период минатите години.

– Овие вируси можат да предизвикаат за жал и доста лоша клиничка слика. Во светот веќе се дава вакцина против рота вирусот.  Покрај тоа што го напаѓа цревниот тракт рота вирусот го напаѓа и респираторниот тракт така да имаме комплетно болни деца, појасни Димитрова.

Во општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија има зголемен број болни од оваа вироза.

Би можело да ве интересира

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски