Во Кавадарци украдени затегнувачи од катната гаража

Од:

Украдени се пет затегнувачи од модуларниот паркинг над „Паркот на Револуцијата“ во Кавадарци, а оштетена е и металната конструкција.

По добиената информација за кражбата, Општина Кавадарци веднаш презеде мерки.

– Во исто време Општината го контактираше и изведувачот на работите на модуларниот паркинг, кој треба исто така да изврши увид во оштетувањето и да посочи натамошни мерки за санирање на состојбата. Од тоа ќе зависи до кога горната платформа на паркингот ќе биде затворена, велат од Службата за информирање.

Општината Кавадарци направи записник и информација за извршената кражба и ги испрати до полицијата на натамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он