И во Кавадарци се фрла храна, се прават напори таа да се донира за социјално загрозени семејства

Од:

И во Кавадарци се фрла храна, се прават напори таа да се донира за социјално загрозени семејства. Претседателот на еколошкото друштво „Еко-живот”, Роберто Паризов, кое ќе раководи со кавадаречкото претставништво на Банката за храна, вели дека постои интерес кај компании и физички лица што произведуваат или дистрибуираат храна, кои сакаат да донираат дел од неа.

– Веќе е разговарано со нив и деновиве ќе бидат склучени договори за соработка, а меморандум за соработка ќе биде потпишан и со Локална самоуправа Кавадарци, рече Паризов за МИА.

Тој нагласи дека целта е вишокот храна да не завршува на некоја од депониите, туку да се подели на социјално загрозени семејства. Паризов упати апел до сите заинтересирани донатори, да се вклучат во оваа иницијатива и Кавадарци да биде првиот град во Македонија, во кој ќе нема гладни.

Кавадаречката Народна кујна, секојдневно обезбедува по околу 40 порции храна, за околу 20 социјално загрозени семејства, корисници на социјална и постојана парична помош.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето