Во Кавадарци починало бебе, наложена е обдукција

Од:

Утрово во 04,45 часот  од ЈЗУ Здравствен дом Кавадарци во Полициска станица Кавадарци е пријавено дека кај нив е донесено починато бебе. Информацијата ја потврди  портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.

– По наредба на надлежен Јавен обвинител излезено е на лице место, се работи на целосно расветлување на настанот, соопшти таа.

Од Јавното обвинителство од Велес потврдија дека наложиле обдукција.

Од кавадаречката Брза помош  изјавија  дека бебето  не давало знаци на живот и доктор од Службата само ја констатирал смртта. Малечкото   било однесено до кавадаречката општа болница од каде пријавиле во полиција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип