Во Кавадарци по четврти пат се одржа фестивал на вицот и шегата

Од:

По четврти пат синоќа во Кавадарци се одржа манифестацијата Фестивал на вицот и шегата „Дедо цепе бурина”.

Поради дождот фестивалот наместо на плоштадот покрај големиот коледарски оган, се одржа во фоајето на домот на културата „Иван Мазов Климе“.

Златко Вузевски-Паја доби специјална награда гран-при на фестивалот. Од страна на жирито тој беше прогласен за витез на вицот и шегата.

Групата на Диме Коцевски, актер во кавадаречкиот театар, доби диплома за прво место и три илјади денари. Второ место и две илјади денари доби Панчо Арсовски. Симеон Минов се пласира на третото место и доби илјада денари. Сите наградени добија коледашки.

Фестивалот беше во организација на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов и Советот на општината во соработка со домот на културата „Иван Мазов-Климе”.

– Еве веќа четврта година како го организираме овој фестивал и се покажа дека е тој вистински погодок, рече градоначалникот Панов.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак