Во Кавадарци отворена Регионална комора за Вардарскиот плански регион

Од:

Вардарскиот плански регион, во кој влегуваат општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија, зафаќа 16,2 отсто од територијата на Република Македонија и е пример кон кој треба да тежнее целата држава бидејќи 53 отсто од БДП го создава во индустриската дејност. Овој регион 24 отсто од производството извезува, а има увоз само 6 до 8 отсто.

Ова го порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на денешната конститутивна седница на Регионалната комора со седиште во Кавадарци која е 16-та регионална комора што функционира во рамките на Стопанската комора на Македонија.

– Како комора која заговара нов економски модел на развој и ние тежнеме кон суфицит каков што се остварува во компаниите од вашите четири општини. Затоа сме среќни што како регион направивте значаен исчекор со отворањето на регионалната комора. Во вашиот регион има четири до пет компании кои се гордост на македонскиот извоз и треба да претставуваат пример за сите останати, им порача Азески на присутните на конститутивната седница.

Стопанската комора на Македонија, нагласи, нема да ги изневери вашите очекувања, ќе застанеме зад вас зошто секогаш поддржуваме успешни компании на кои мора да се базира опастанокот и развојот на целата држава.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов истакна дека отворањето на Регионалната комора во Кавадарци била нескриена желба многу одамна за, како што рече, сами да си помогнат.

– Со отворањето на Комората како регион ќе можеме на многу подиректен начин да учествуваме во креирањето на стопанската политика. Сметам дека оваа Канцеларија ќе биде пример и за другите за децентрализација на коморското здружување, рече Панов.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата