Во Кавадарци доделени решенијата на ангажираните за општокорисна работа

Од:

Продолжува проектот за општокорисна работа во Кавадарци, градоначалникот Александар Панов денеска им ги додели решенијата на времено ангажираните лица кои ќе помагаат на стари, изнемоштени и инвалидизирани лица, кои имаат потреба од поддршка.

Проектот е врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации и општина Кавадарци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, усвоен од Владата, Програма за општокорисна работа финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување.

Програмата за општо-корисна работа започна во 2012 година. Овојпат наместо шест, како досега, се ангажирани 12 лица кои ќе пружаат помош како негуватели, со скратено работно време и надоместок од 6.200 денари месечно, како и со платен персонален данок на доход и осигурување при случај на несреќа при работа.

– Претходно на два пати по шест месеци се реализираше овој проект и бидејќи имаше позитивни реакции од корисниците на услугите, но и од ангажираните лица за помош, заедно со УНДП успеавме да го продолжиме овој проект да трае цела година. Дури и да не успеевме да издејствуваме финансии од невладини организации, бевме спремни ваквиот проект да го реализираме со поддршка на локалната самоуправа, рече Панов во изјава за медиумите.

Упати апел и до новата локална самоуправа да го продолжи овој проект. Бидејќи, како што нагласи, тој е од голема корист за повозрасните, болните кои не можат да завршат за себе некои основни работи како купување на храна и лекови, плаќање на сметки за електрична енергија и вода и слично.

– Многу пати кога во рамките на политички кампањи сме оделе од врата до врата, сум наидувал на такви семејства каде има лица на кои им е потребна помош. Оваа помош ќе биде од исклучително значење за нив. Тие ќе бидат благодарни прво на негувателите, а потоа и на донаторите кои обезбедија ваков вид на помош., додаде тој.

Лицата кои се ангажирани како негуватели рекоа дека ја прифатиле оваа работа бидејќи се хумани и сакаат да им помагаат на другите.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

Четворица завршија во станица после убиството во Кавадарци

Горан Наумовски

43-годишен маж е убиен во тепачка во Кавадарци

Горан Наумовски