Во Карпош практичен час по природни науки

Од:

Претседателот на „Креативен центар Карпош“ проф. д-р Зоран Поповски денеска во ООУ „Вера Циривири-Трена“ одржа експериментално предавање од областа на природните науки.

– Знаењето кое учениците преку учебниците го учат по природните науки денеска ќе можат практично да го осознаат и да ја видат неговата примена. Една од целите на „КЦ-Карпош“ е преку опипливо предавање, учениците да го прошират своето знаење и на еден нестандарден начин да научат повеќе за предметите кои ги изучуваат, рече Поповски.

Тој нагласи дека во наредниот период е предвидено учениците со телескоп, преку т.н настава „Дружење со ѕвездите“ да научат повеќе и во оваа област.

Поповски напомена дека на крајот на оваа учебна година планираат одржување на првиот „КЦ-Карпош летен семинар“, на кој ќе присуствуваат ученици од општина Карпопш, од Скопје и од цела Македонија.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски