Во Карпош одбележани 79 години од формирање на Првиот партизански одред

Од:

Општина Карпош во придружба со Сојузот на борци, ја одбележаа 79-годишнината од формирањето на Првиот скопски партизански одред, првата партизанска единица на НОБ во Македонија, пред спомен – обележјето во Карпош 3.

Делегација предводена од градоначалникот Стефан Богоев и советниците од општина Карпош, Филип Даскаловски и Емилија Ризеска – Спасова, оддаде почит со положување на свежо цвеќе. Исто така, пред ова спомен – обележје положија цвеќе и претставници од Сојузот на борци, Град Скопје и политички партии.

Оваа година, како резултат на Ковид – 19 пандемијата, настанот се одбележа со присуство на помалку лица и со почитување на мерките за заштита.

Пред присутните се обрати градоначалникот Богоев, кој ја потенцираше важноста на Народно ослободителната борба (НОБ), во контекст на времето во кое живееме денеска:

– Борците ни оставија аманет, секогаш да се бориме за слобода и подобра перспектива. Како нова генерација покажуваме дека можеме да работиме на зацврстување на безбедноста на државава. Членството во НАТО е гаранција, а отворањето на преговорите со ЕУ – влог во подобра иднина за сите нас, но и за нашите деца, внуци и идни поколенија, додаде Богоев.

Пред спомен обележјето се обрати и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Таа посочи дека дел од имињата на членовите од Првиот скопски партизански одред се меѓу предлозите за имиња на нови улици во главниот град. На овој начин, трајно ќе им се заблагодариме на оние кои се бореле против окупаторот, предводени од идеалите за слободна и самостојна држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош