Во канал со вода во Скопско пронајдена почината жена

Од:

На 10.12.2022 во 15,30 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека околу 13 часот на место викано „Орман трло“ во атар на с.Стајковци, скопско во канал со вода е пронајдена почината З.Д.(78) од с.Стајковци која на 7.12.2022 од нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје е пријавена дека се оддалечила од домот.

Од лекар од итна медицинска помош е констатирала смрт без траги на насилство.

За настанот известен е Јавен обвинител по чија наредба телото на починатата е предадено во Судска медицина.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Во куќа пронајдена почината 73-годишна жена од Скопје

Мистериозна смрт на пензионерка од Велика Британија во Турција

Жена од Аеродром е пронајдена почината во својот дом

Холанѓанка е пронајдена почината во стан на Бит Пазар

Во близина на скопски манастир пронајдена почина 68-годишна жена

Горан Наумовски

Во стан пронајдена почината 30-годишна скопјанка