А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во јуни намален бројот на дозволи за градба и на вредноста на објектите

by А1он15/08/2019 - 12:4715/08/2019 - 12:54319
Share0

Во јуни годинава се издадени 202 одобренија за градење, што е за 1,5 проценти помалку во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 2.269.468.000 денари, за 23 проценти помалку споредено со јуни минатата година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 128 (63,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 26 (12,9 проценти) за објекти од нискоградба и 48 (23,7 проценти) за објекти за реконструкција.

Најмногу одобренија за градење, 45, се издадени во Полошкиот регион, по што следат Скопскиот со 41, Вардарскиот и Пелагонискиот со по 30… Најмалку, или само пет градежни дозвлови, се издадени во Североисточниот регоон.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 516 станови, со вкупна корисна површина од 34.471 квадратни метри. Повеќе од половина или 288 од становите се во Скопскиот регион, од кои најмногу, 227 во општина Аеродром, 49 во Кисела Вода, шест во Бутел.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од вкупно 202 објекти, на 124 (61,4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (38,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

gradbiopstini

Би можело да ве интересира

Да се преевалуираат сите процедури за градба, повикува деканот на Градежен факултет

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 13:07

Во март се издадени 245 одобренија за градење, за 26,6 отсто помалку од март лани

Горан Наумовски08/05/2026 - 13:00

Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра за јавни набавки во 2024 година

Катерина Ѓуровски11/08/2025 - 09:54

Со 225 милиони евра ќе се финансираат 828 проекти во општините

Горан Наумовски17/07/2025 - 14:23

За пејачи и изведувачи општините трошат еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски19/12/2024 - 10:1919/12/2024 - 14:28

Два милиони евра годишно исплаќаат општините и министерствата за адвокатски услуги

Катерина Ѓуровски12/12/2024 - 10:2512/12/2024 - 14:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто