Во југот од Македонија излезеноста на гласачите до 14 проценти

Од:

На југот од Македонија, во општините Богданци, Дојран и во Валандово, во првите три часа од гласачкиот ден излезеноста на граѓаните да го остварат своето граѓанско право на глас го искористиле 13,88 проценти од регистрираното гласачко тело.

Во општина Богданци, на десет регистрирани избирачки места, досега гласале  975 граѓани од вкупно 6.966 граѓани со право на глас, или во проценти излезеноста на гласачкото тело изнесува 14 отсто.

Во општината Дојран процентот на излезеносте поголем и изнесува 14,08%, односно 407 гласачи, кои гласале досега на отворените осум избирачки места во општината. Гласачкото тело според избирачкиот список изнесува  2.757 полнолетни граѓани.

Со  регистрирани 1.366 избирачи што го дале својот гласдо 10 часот за еден од кандидатите за градоначалници и советнички листи, општина Валандово е за нијанса со помал процент на излезеност од југот на Македонија, кој изнесува 13,57 отсто од вкупното гласачко тело. Во Валандово право на глас имаат 10.062 граѓани и за нив денеска се отворени 23 избирачки места во градот и во населените места.

Општинските изборни комисии наведуваат дека процесот на гласање започнал регуларно во сите избирачки места, кои биле отворени навреме за граѓаните од овие општини.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ