Во јануари 20 дена со температури под нулата и натпросечни количества врнежи

Од:

Постудено од вообичаено, со минимални температури под нулата, и со траење од над 20 дена, како и со натпросечни количества врнежи, односно екстремно влажно време било во минатиот месец, се наведува во денеска објавениот преглед на температурите на воздухот и количествата врнежи на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Средната месечна температура варирала од минус 3,8 степени во Маврово до 3 степени во Гевгелија, и е пониска за минус 1,8 степени во однос на повеќегодишните јануарски средномесечни температурни вредности. Највисока максимална температура била 15 степени, измерена на 24 јануари во Гевгелија, а најниската максимална 6,4 степени на 17 јануари во Маврово.

Како што соопштува УХМР, ниски температури под нулата температури се регистрирани на целата територија на Македонија. Најниска минимална температура од минус 21 степен на 8 јануари е измерена во Берово и била седум степени повисока од најниската апсолутна, додека највисоката минимална од минус 7,4 степени е измерена на 14-ти во Гевгелија.

Во текот на јануари на територијатаија на Македонија имало и ледени денови, кога максималната температура во текот на целиот ден е под нулата, Најмногу ледени денови, 16, имало во Маврово, а најмалку, еден ден, во Гевгелија.

Во јануари врнежите се временски слично распоредени на целата територија на Македонија и најинтензивни се во третата декада од месецот, на 26. Во Гевгелија, Демир Капија и Струмица се надминати апсолутно максималните дневни вренежи измерени во (1961-90). Врнежите биле од дожд, снег и замрзнат дожд. Месечната сума на врнежи варирала од 46,2 мм во Скопје Зајчев Ридф до 202 мм во гевгелија. Месечната сума од 202 мм е трета по големина во периодот 1981/2010 во јануари, по 273 мм и 257 мм во Лазарополе во 1987 година и Маврово во 2003 година. Максималната акомулирана дневна сума на вода од 88,6 мм била регистрирна во Демир Капија на 26-ти, поголема за 12 мм од апсолутно максималната (1961-1990).

Споредно со јануарската многугодишна просечна вредност од 1981 измерената јануарска средна месечна сума на врнежи била 70 мм над просечната, за 157 проценти поголема од просечното ново на држава.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени

Горан Наумовски

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Претор, денеска дожд, грмежи и силен ветер

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Од среда дожд и ветер, а на планините снег

Претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд