Во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се примени 19 пациенти

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 374 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Очни болести, на Клиниката за Кожни болести и на Клиниката за Неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за Нефролигија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, исти толку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски