Во изминатите 24 часа шест сообраќајки во Скопје

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и тројца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 13 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 18 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од сообраќајната полиција отстранети се 60 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите активности ќе одржи едукативни работилници во основното училиште „Петар Поп Арсов“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош.

Во недела со почеток во 19 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Подравка, Република Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ