Во Институтот за судска медицина се идентификуваат телата на загинатите

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.

Пред да замине Филипче уште еднаш рече дека засега бројката на починати е 13. Од овие лица седум го загубиле животот на местото на несреќата, пет во ГОБ 8 Септември, а едно во Старата градска болница во Скопје.

Четири лица од хоспитализираните се во критична состојба, а сериозна е состојбата и на уште две лица во Ургентниот центар.

– Нови информации околу повредените вечерва нема да има, туку утре сабајле, бидејќи во тек е процесот на лекување, напомена министерот.

Речиси два часа Филипче заедно со вицепремиерите Оливер Спасовски и Бујар Османи беше во ГОБ „8 Септемвр“ и да ги посети повредените.

Директорот на болницата Христијан Костов вечерва на роднините на повредените им ги соопшти имињата на сите згрижени пациенти. Жалење за несреќата изрази и градоначалникот на Гостивар, Арбен Тарвари според кој повеќето повредени, како што рече, се гостиварци.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он