Во ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со повеќе гласови од 8 мај, а СДСМ и „Вреди“ со помалку – нема промени во мандати

Од:

Во ИЕ 5 коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ на 8 мај имала 26 904 гласа, а сега, со денешното прегласување, има 26 668 или 236 гласа помалку, коалицјата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала 73 916 гласови на 8 мај, а сега има 74 287 или 371 глас повеќе, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ имала 27 013, а сега 27 278 или 265 повеќе, Левица имала 9 926, а сега 9 850 или 76 помалку, „Вреди“ имале 11 067, а сега 10 793 или 274 гласа помалку, движењето ЗНАМ имало 8 757, а сега 8 671 или 86 гласови помалку.

Единствена Македонија, Родина Македонија, Демократи и Аваја со прегласувањето имаат еден глас помалку, Работничка партија има два гчласа помалку, Македонска ера трета три гласа помалку, а кај коалицијата „Храбро за Македонија“ нема промени.

Според резултатите од 8 мај ВМРО-ДПМНЕ имале 10 мандати во ИЕ 5, Европски фронт 4, СДСМ три и по еден имаат Левица, Вреди и ЗНАМ. По прегласувањето нема промени во распределбата на мандатите.

Би можело да ве интересира

ДИК ги прогласи Локалните избори 2025 за конечно и официјално завршени

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас