Во хотел во Центар пронајден мртов скопјанец

Од:

Вчера вечер во 21.50 часот во СВР Скопје, Б.И. пријавил дека во хотел на подрачјето на Центар каде од 22.04.2022 во една од собите престојувал неговиот пријател 46-годишниот И.И. од Скопје, истиот не ја отварал вратата од собата, ниту пак усно одговарал, извести МВР.

– Пријавителот заедно со полициски службеници од Полициската станица Центар ја отвориле вратата од собата, каде го пронашле починат И.И. Констатирана била смрт од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено во Институтот за судска медицина, за обдукција, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски