Во Гостиварско 126 нарушувања на јавниот ред и мир, најчесто на улица и во угостителски објекти

Од:

Во изминатите три месеци од оваа година, на поширокото полошко подрачје вкупно регистрирани се 126 нарушувања на јавниот ред и мир. Поголемиот дел од нив (76) се случиле на гостиварскиот, а останатите (50) на тетовскиот регион.

Според анализите на СВР Тетово, од нарушувањата во првото тримесечие од годинава, најбројни се физичките напади.

– Од вкупно педесет, 31 се регистрирани во гостиварскиот, а останатите 19 на тетовското подрачје. Во овој период, имало и осум тепачки (во тетовско седум и во гостиварско една). Меѓу нарушувањата, регистрирани се случаи на караници, викање и дрско однесување. Од вкупно 13, девет биле во Гостиварско, а останатите во Тетовско, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Како нарушувања на јавниот ред и мир, регистрирани се и десет случаи на навредување и омаловажување на овластено службено лице (тетовско три и гостиварско седум).

Во пријавите, како сторители, односно прекршители се наведуваат 145 лица. Најголемиот број нарушувања, целосно се расчистени и заокружени со 108 барања за поведување прекршочна постапка.

Според местото на случување на ваквите прекршоци и годинава најчесто се улицата и угостителските објекти, додека најголемиот број од прекршителите се машки лица на различна возраст.

Во изминатите три месеци од годинава, нарушување на јавниот ред и мир имало во и околу образовни институции, а три вакви случаи имало и за време на организирање спортски натпревари.

За нарушувањето на јавниот ред и мир, предвидени се глоби кои зависно од последиците се движат од 300 до 500 евра во денарска против вредност за тепачка, за физички напад од 600 до 800 евра. За навредување и омаловажување на овластено службено лице, предвидена е глоба во висина од 600 до 800 евра.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Берлин: Возач му го откина прстот на братот, па предизвика тешка несреќа

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Каменуван е автобус со српски туристи во Грција, двајца патници и возачот се повредени

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Полиција започна потрага по 43-годишна жена од Скопје

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија