Во трите општини од гостиварскиот регион, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар, општинските изборни комисии денеска спроведуваат гласање за 218 болни и изнемоштени лица.
Во општина Гостивар, избирачките одбори во текот на денот ќе посетат 156 гласачи, кои претходно се пријавиле и ќе им овозможат да го остварат правото на глас. Во општина Маврово Ростуште, денеска ќе гласаат 34 граѓани, а по истиот основ во општина Врапчиште, правото на глас ќе го искористат 28 болни и стари лица.
На предвремените избори во општина Гостивар на 121 избирачко место, правото на глас ќе го остварат 76.362 граѓани. Во општина Врапчиште во избирачкиот список запишани се 24.439 гласачи кои избирачкото право ќе го остварат на 39 избирачки места, а во општина Маврово-Ростуше утре на вкупно 39 избирачки места, можат да гласаат 8.964 граѓани.