Во Гостивар за неисправни автобуси и комбиња, казнети шестмина возачи

Од:

Полицијата при последната акциска контрола открила недостатоци на шест возила кои вршат јавен превоз на патници на поширокото гостиварско подрачје.

Според СВР Тетово, откриените прекршоци се санкционирани со прекршочни налози со глоби од 100 до 500 евра во денарска противвредност, а три возила веднаш се исклучени од сообраќај.

– Контролите се спроведуваа вчера од 8 до 13 часот, и беа насочени кон проверка на техничка и друга исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници. Со контролата вкупно биле опфатени 38 возила, автобуси, комбиња и други возила, од кои 24 испратени се на технички преглед. При тоа, кај две возила откриена е неисправност на сопирачките и светлосните уреди, две возила имале истечена регистрација и исто толку биле технички непрегледани, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Покрај ова, биле констатирани и три други видови прекршоци кои, исто така, за кои исто така има соодветни поднесоци.

Од СВР Тетово најавуваат вакви контролни активности и во наредниот период, чија цел е навремено откривање и отстранување од сообраќај на технички неисправните возила, особено оние кои превезуваат ученици на гостиварското подрачје.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија