Во Гостивар во тек пријавувањето за бесплатен одмор на деца од социјално ранливи категории

Од:

Пријавувањето за бесплатен летен одмор на децата од социјално загрозените семејства и корисниците на посебен додаток од гостиварскиот регион, ќе трае до наредниот понеделник, информираат од гостиварскиот Центар за социјална работа.

Пријавувањето започна по објавувањето на повикот на Министерството за труд и социјална политика за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација. Со него се опфатени корисниците на права од социјална заштита: деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца без родители и родителска грижа кои посетувале од петто до деветто одделение и деца корисници на посебен додаток до 26 години.

– нГи повикуваме родителите да ја искористат можноста и да ги пријават децата најдоцна до 10 јули. Одморот опфаќа шест полни пансиони во некое од летувалиштата во Македонија со три оброка дневно. За време на престојот ќе се организираат и разни едукативни, забавни и рекреативни активности. Освен престојот и храната, Министерството го организира и го покрива и превозот на децата, изјави Ивица Симоски, директор на Центар за социјална работа Гостивар.

Од Центарот нагласуваат дека граѓаните кои ги испопнуваат условите и се заинтересирани да ги пријават децата, треба само да поднесат барање кај нив, а останатите документи ќе ги обезбедат по службена должност.

Минатото лета преку Центарот за социјална работа во Гостивар на бесплатно летување беа чспратени 15 деца од семејства со социјален ризик и корисници на посебен додаток.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица