А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Гостивар спроведни контроли за користење лиценцирани софтвери

by А1он17/10/2014 - 16:47145
Share0

Владиното Координативно тело за заштита на индустриска и интелектуална соспстеност спроведе акциска контрола на софтверите во Гостивар. Вчера во периодот од 10 до 17 часот биле контролирани 14 фирми кои се занимаваат со услужни дејности.

Добивај вести на вибер

Според Мите Костов, претседател на Координативното тело за заштита на индустриска и интелектуална соспстеност, при контролата биле пронајдени и одземени вкупно 29 компјутерски куќишта со нелиценциран софтвер, од кои 23 се пронајдени во еден интернет-клуб, три во две геодетски друштва и едно во друг интернет-клуб.

Во една кабловска телевизија, пак, откриено е дека емитувала четири неоткупени канали.

– Радува фактот што расте свеста за користењето на лиценцирани софтвери и почитувањето на законската регулатива за заштита на интелектуалната сопственост, а се намалува и бројката на поплаки, рече Костов.

Тој посочи дека е постапувано и на поплака од странска фирма според која во Здуње, гостиварско една фирма ја повредила индустриската сопственост со производство на чипс. Производите кои се запакувани во амаблажа на заштитената марка ќе бидат ставени вон употреба.

По целосното расчистување на сите поединости, сопствениците на објектите ќе се соочат со соодветни поднесоци.

Во текот на денов, овластени лица ќе продолжат да вршат контроли низ гостиварските фирми.

gostivar

Би можело да ве интересира

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 15:5829/08/2025 - 15:58

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија

Горан Наумовски27/07/2025 - 16:42

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Горан Наумовски28/06/2025 - 15:41

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Горан Наумовски03/05/2025 - 16:55

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски03/05/2025 - 13:3603/05/2025 - 15:51

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

Горан Наумовски03/05/2025 - 10:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен