Во Гостивар, при копање темели откриени коски од непознато потекло

Од:

Откопани коски од неутврдено потекло ја прекинало изградбата на станбена зграда во Гостивар. Полицијата го обезбедува местото и се чека на вештак за да се отпочне утврдување дали коските се од човек или животно.

Според СВР Тетово, случајот во гостиварската полициска станица вчера го пријавил Љ.А. (43) сопственик на фирмата инвеститор на објект во градба на улицата „Илинденска“. Околу 18 часот, додека градежна машина (багер) изведувала подготвителни работи ископувала земја за темели на идна зграда, на длабина од околу два метри метри се појавиле коски. Кога видел, машинистот Х.И. (55) запрел со работа.

По пријавувањето бил известен и истражен судија, но заради мракот кој набрзо се спуштил, увидот е одложен за денеска. Во меѓувреме полицијата го обезбедува местото за да се изврши целосен увид со вештак-обдуцент кој треба да утврди дали коските се човечко или животинско потекло.

Според жителите во околните куќи, на местото каде што се откриени коските, немало гробишта, ниту пак таков случај бил забележан во минатото.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ