Во Гостивар откриени три танчерки кои работеле „на црно“

Од:

При акциска контрола во угостителскиот објект „Тоникс“ во Гостивар, направена околу полноќ, полицијата откри три странски државјанки кои во земјава дошле како туристки, но работеле како танчерки.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, при контролата, во објектот биле затекнати две странски државјанки од Република Албанија и една од Република Србија, на возраст од 29 и 35 години.

– Трите странски државјанки го злоупотребиле туристичкиот престој во нашата земја и непријавено престојувале на подрачјето, поради што заедно со сопственикот на објектот, С.Е.( 44 ) од Чајле, приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар, изјави Јосифоски.

По кусото задржување, странските државјанки предадени се на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка и ќе се соочат со соодветен поднесок.

Во текот на денот, странските државјанки ќе бидат изнесени пред судија за прекршоци во гостиварскиот суд. Странските државјанки се соочуваат со парични глоби, забрана за влез во Македонија и депортирање во матичните држави.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци