Во Гостивар одбележан Светскиот ден на лицата со аутизам

Од:

Ученици од гостиварските училишта, претставници на јавни институции и граѓани се приклучија на маршот од Дневниот центар до градскиот плоштад, како една од активностите во Гостивар за одбележување на 2 април – Светскиот ден на атуизмот. Во настанот што го организираше локалната самоуправа, учествуваа и Советот за млади, Црвениот крст и Дневниот центар за деца со посебни потреби.

– Сакаме да дадеме надеж за аутизмот, токму како што е и мотото на овој настан. Децата се дружат, се забавуваат со музика, играње, цртање. Сите носиме маички со симболична порака за подигнување на свесноста за аутизмот во нашата средина, рече Аслиан Снопче од општина Гостивар.

Во рамки на одбележувањето беа поделени седумдесеттина оброци, а во ООУ „Единство“ во соработка со општинскиот Црвен Крст Гостивар се организраше хуманитарен пазар.

Активностите за одбележување на Светскиот ден за борба против аутизмот се заокружија со предавање во салата на Советот на Општина Гостивар на тема „Да ги надминеме разликите, да запознаеме еден друг“.

На предавањето учествуваа претставници од Секторот за јавни дејности на Општина Гостивар, педагози и психолози од општински основни училишта, дефектолози и логопеди од гостиварското подрачје, како и родители на деца со аутизам, а предавачи беа познати експерти од дневни центри за деца со аутизам во Албанија.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека привршуваат активностите за отварање на центар за деца со аутизам во објектот на интернатот, кој наскоро ќе биде ставен во функција.

Би можело да ве интересира

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Тројца работници од Гостивар се повредиле на градежен објект

Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Катерина Ѓуровски

Двајца жители на Врапчиште нападнале судија од Гостивар, се бара пртивор

Водата во Гостивар не е за пиење, откриена е бактеријата ешерихија коли