Во Гостивар обуки на Стопанската комора за добивање сертификат за меѓународни возачи

Од:

Стопанската комора на Македонија во Гостивар ја престави новата услуга која се однесува на добивање сертификат за меѓународни возачи. Овој документ е законска обврска и треба да го поседуваат сите возачи кои вршат превоз на патници и стока во меѓународен патен сообраќај.
На прес-конференцијата, претставниците на Стопанска Комора на Македонија, ги појаснија условите за добивање на сертификатот.

– Ние сме овластени да ги вршиме стручните оспособувања на возачите и на управителите на фирмите кои вршат транспорт. На обуките може да се пријават и лица кои во иднина планираат да се занимаваат со превоз во меѓународни патни линии. Тоа се однесува на автобуски товарни превозници, увозно-извозни компании, логистички оператори, царински посредници, трговски компании, производни фирми, туристички агенции, рече Митко Митревски од СКМ.

Митревски потсети дека сертификатот има важност од пет години, а по истекувањето на тој рок возачите повторно мораат да посетат обука и да ја обноват лиценцата.

Стручното оспособување на пријавените кандидати Комората ќе го реализира преку свој овластен Центар, за која цел располага со соодветен стручен кадар, опремени простории и потребни технички и стручни помагала.

Обуките се еднодневни и тие може да се одржуваат во Комората или во простории надвор од неа.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ