Во Гостивар на гласање до 10 часот излегле 4.594 граѓани

Од:

Според информациите од општинската изборна комисија Гостивар, на гласање до 10 часот излегле 4.594 лица, што е околу шест проценти од вкупно запишаните 76.363 лица. Сите 121 избирачко место биле отворени навреме и не се пријавени нарушувања или застои во гласачкиот процес.

Во општина Врапчиште, утрово гласале 1.229 лица или приближно 5% од запишаните 24.493 граѓани. Според информациите од ОИК Врапчиште, гласањето се одвива без пријавени проблеми или нерегуларности.

Во најмалата по бројност, општина во Гостиварскиот регион, Маврово-Ростуше, до 10 часот на гласање излегле 287 лица или 3,2 проценти од запишаните 8.964 лица.

Во општина Гостивар, вчера избирачки одбори посетија 156 гласачи кои се пријавиле за болни и немоќни и им овозможија да си го остварат правото на глас. На подрачјето на општина Врапчиште вчера гласаа 28, колку што беа пријавени како болни и изнемоштени, а во Маврово Ростуште, вчера правото на глас вчера го искористија 34 граѓани.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он