Во Гостивар ќе се градат 70 социјални станови

Од:

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од јуни планира да отпочне со изградба на 70 станови за социјално ранливите категории граѓани во општина Гостивар.

Илир Камбери, директорот на тетовската подружница, денеска ја поднесе техничката документација и на средба со градоначалникот на општина Гостивар Невзат Бејта лично го информира за планот да се градат социјални станови.

По средбата, Камбери искажа задоволство и очекување локалната самоуправа во скоро време да издаде дозвола за градба.

Градоначланикот Бејта ја поздрави намерата за инвестирање во општината и вети дека администрацијата со сиот капацитет ќе биде на располагање за успешна реалзиација на овој проект.

Според проектната документација, во населбата Тоскалари во зграда со две ламели ќе има 33 односно 37 станови. Инвестицијата надминува дваесет милиони денари. Последните социјални станови во Гостивар се изградени пред 13 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар