Во Гевгелиско се уништуваат 400 гранати од Првата Светска војна

Од:

Во месноста Катеринина чешма, која се наоѓа во пазувите на планината Кожув на потегот меѓу Гевгелија и Смрдлива вода, денеска се врши уништување на неексплодирани убојни средства,поради што е забрането движење на луѓе и добиток на ова подрачје.

– На ова подрачје вчера при пробивање шумски пат беше пронајден подземен склад со 400 артилериски гранати со калибар 75 милиметри,останати од времето на Првата Светска војна.Поради нивно уништување до 16 часот денеска ќе биде блокиран целиот терен каде се уништуваат гранитите, изјави Мите Ташков од Дирекцијата за заштита и спасување во Гевгелија.

Ташков нагласи дека уништувањето на гранитите ќе го врши пиротехничка екипа од Дирекцијата за заштита и спасување,а сообраќајот на патот Гевгелија-Смрдлива вода дополнително ќе го обезбедува екипа на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно