Во Гевгелија редовна дезинфекција за време на продолжениот викенд

Од:

Вработените од комуналното претпријатие, во содејство со пожарникарите и ПЕ за јавно здравје, за време на досега најдолгата празнична забрана за движење, непречено ја извршија редовната дезинфекција на улиците и јавните површини како дел од мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Согласно препораките од главниот и општинскиот кризен штаб, од општината соопштија дека дисциплинираното однесување на граѓаните им овозможило на задолжените служби непречено да ја спроведат дезинфекцијата на сите улици, тротоари и јавни површини во градот Гевгелија и населените места во општината во функција на успешно справување со пандемијата на Ковид-19.

Според одлуката на Општинскиот кризен штаб, целосната дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на општина Гевгелија се спроведува секој петти ден.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски