Во Гевгелија пораст на сообраќајните прекршоци во однос на истиот период лани

Од:

Против несовесните возачи во општина Гевгелија поведени се 287 прекршочни постапки,запишани се 375 негативни поени во сообраќајните книшки и издадени се 503 платни налози за наплата на глоба, стои во полугодишниот извештај за контрола на безбедноста на сообраќајот на полициската станица во Гевгелија.

Споредено со истиот период лани, се посочува, забележан е пораст од 44,22 отсто на прекршочните пријави, 89,4 отсто на негативните поени и 30 отсто зголемување на издадените платни налози.

Во текот на првото полугодие биле спроведени 18 акциски контроли на кои биле регистрирани наведените бројки кои претставуваат вкупно зголемување поголемо од 163 отсто во споредба со лани, што е енормно многу за да се констатира дека безбедноста во сообраќајот е стабилна.

Од овој аспект, се вели во извештајот, неопходно е вклучување на општина Гегелија во владината кампања за безбедност на сообраќајот на патиштата,во чии што рамки веќе се реализирани неколку активности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка