Во Гевгелија почна изградбата на нова автобуска станица и градскиот пазар

Од:

Во Општина Гевгелија денеска почнаа градежните работи на новата автобуска станица, новиот градски пазар – инвестиции вредни над 60 милиони денати, а беше пуштена во употреба и предавањето во употреба на новоизградената улица „Мирко Делев“ во Негорци.

Камен-темелникот на новиот градски пазар, кој ќе се простира на површина од околу 6.000 метри квадратни го поставија премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, кој рече дека градежните работи ќе се одвиваат во три фази и дека треба да завршат во рок од 90 дена.

– Изградбата на новиот пазар ќе чини 60 милиони денари. Трговците и производителите ќе добијат многу посовремени услови за работа со што и понатаму ќе продолжи традицијата на нивно собирање на пазарен ден во градот, долга повеќе од век и половина, рече Франгов и додаде дека денешниот ден во Гевгелија потврдува дека и во услови на светска економска криза на југот од Македонија работите се движат.

На предавањето во употреба на улицата „Мирко Делев“ во должина од 609 метри, во Негорци, се обрати директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Тони Димовски, кој истакна дека ова е еден од 40-те приоритетни проекти на Агенцијата. За овој проект издвоени се околу шест милиони денари, рече, а останатите седум милиони се обезбедени од општинскиот буџет.

Камен-темелникот на новата автобуска станица во Гевгелија го поставија градоначалникот Франгов и претседателот на Советот на Општина Гевгелија Александар Тодов.

– Со новата автобуска станица и претстојната реконструкција на железничката станица, Гевгелија ќе добие модерен транспортен центар. Објектот оптимално ќе ги задоволи потребите за автобускиот сообраќај. Вкупната негова вредност изнесува 11,5 милиони денари, а неговата изградба треба да заврши во рок од 120 дена, рече Франгов и додаде дека од април идната година граѓаните ќе може да ја користат новата автобуска станица во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски