Во функција и кол-центарот 0800 002 03

Од:

Од вечерва е во функција и кол-центарот 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје. Телефонскиот број е бесплатен, ќе работи 24/7 и на него граѓаните може да се јават за да постават прашања поврзани со коронавирусот, напиша министерот за задрвство Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Како што наведува Филипче, од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање брисеви во поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, каде веќе е распределен стручен кадар.

-Денеска заврши и координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување, преку системот „Мој термин“, по јавување на нивните пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Од понеделник, освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во кол центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку се постави индикација според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат – да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта, пишува Филипче на фејсбук.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски