Во февруари на територија на општина Центар санкционирани 799 возила

Од:

Сообраќајната полиција и „Пајак службата“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на месец февруари санкционираа и отстранија 799 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар.

„Со помош на трите специјални возила „пајак“ на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, во периодот од 01.02. до 28.02.2019 година, отстранети се 799 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, од кои пет (5) несовесно паркирани возила биле затекнати на паркинг места наменети за лица со посебни потреби.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се вели во соопштението на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар